Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија и рече дека назначил владин кабинет кој ќе служи додека не се избере нов премиер.
Advertisements
Тој го напушти и раководството на Конзервативната партија.
Најавата на Џонсон доаѓа откако повеќе од 50 британски функционери поднесоа оставки.
Осум министри, вклучително и двајца државни секретари, поднесоа оставки, оставајќи го Џонсон изолиран и без политичка моќ и го натера да ја објави својата оставка.
Незадоволството во кабинетот на Џонсон се појави по неодамнешните откритија за несоодветно сексуално однесување од страна на пратеникот од ториевците Крис Пинчер, а беше објавено дека Џонсон бил свесен за овие инциденти.
Џонсон дојде на власт во 2019 година откако ја постигна најголемата победа што Конзервативната партија некогаш ја доживеала.