Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен објави дека нема да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров како што беше планирано, по признавањето од страна на Русија на две сепаратистички области во источна Украина. „Сега кога гледаме дека инвазијата започна и дека Русија јасно ја отфрли сета дипломатија, нема смисла да се состанеме во оваа фаза“, рече Блинкен на заедничката конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулебa.