Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја „потврдил својата посветеност“ на прекин на огнот во Појасот Газа.
-Синоќа се сретнав со г-дин Нетанјаху и тој повторно ја потврди својата посветеност на предлогот за договор за прекин на огнот, рече Блинкен, мислејќи на планот што САД го претставија пред Обединетите нации (ОН).
Шефот на американската дипломатија, реакцијата на Хамас на презентираниот план ја оцени како „знак на охрабрување“.
Блинкен патува од Израел во Јордан, каде што треба да учествува на состанокот за помош за Појасот Газа.
Извор: МИА