Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска е во посета на Турција во рамки на турнеја низ земјите од регионот пред да отпатува за Азија.
Блинкен се очекува утрово да се сретне со турските власти за да разговара за војната меѓу Израел и Хамас, јави Си-Ен-Ен.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше израелската офанзива во Газа, нарекувајќи ги акциите „злосторства против човештвото“ и изјави дека ја прекинува комуникацијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но оти Турција не сака да ги прекине врските со Израел. Турција, исто така, го отповика својот амбасадор во Израел поради, како што наведе, „консултации“.