Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли повторно се под очите на јавноста, а неодамнешната изјава на Рејнолдс предизвика лавина критики. Додека актерот до неодамна важеше за едно од најдуховитите имиња во Холивуд, неговата забелешка за воспитувањето деца наиде на осуда.

Актерот, познат по тоа што ја чува приватноста на своите деца, ретко зборува за својот семеен живот, во едно неодамнешно интервју размислуваше за нивното воспитување: „Се трудиме да им пружиме што е можно понормален живот. Не се обидувам да им ја наметнувам разликата помеѓу нивното детство и моето детство или детството на мојата сопруга“.

Рејнолдс нагласи дека тој и неговата сопруга Блејк пораснале во работничката класа, без луксузот во кој уживаат денес.

Проблемот настанал поради контрастот помеѓу работничката класа што ја споменува Рејнолдс и реалноста во која пораснала Блејк Лајвли. Нејзините родители, Ерни и Елејн, биле познати холивудски личности – таткото Ерни бил актер и режисер, додека мајката Елејн работела како актерка и агент за таленти. Самата Блејк истакна дека поголемиот дел од своето детство го поминала на филмски сетови, а своето филмско деби го направила на 10-годишна возраст во проект во режија на нејзиниот татко.

Критичарите истакнуваат дека условите во кои пораснала Блејк тешко може да ја одразат реалноста на просечната работничка класа. Дополнително, разликата меѓу нивното сегашно богатство и „нормалниот живот“ што сакаат да им го обезбедат на своите деца дополнително ја разбесни јавноста.

Текстот „Блејк Лајвли порасна во работничка класа? Не е точно“: Рајан Рејнолдс предизвика критики е превземен од МАКФАКС.