Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево.

Од Управата за извршување на кривични санкции за Танјуг потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата каде што биле заедно сместени.

Службата за обезбедување веднаш интервенирала и двете лица ги привела на лекарски преглед, што е дел од редовната процедура, по што биле сместени во различни простории, што исто така е задолжителен дел од постапката.

За овој случај е известен и надлежниот суд и судот треба да донесе одлука за дисциплински мерки против овие приведени, велат од Управата за Танјуг.

Урош Блажиќ со првостепената пресуда е осуден на 20 години затвор бидејќи на 4 мај 2023 година во селата Мало Орашје и Дубона уби девет и рани 12 лица.

Текстот Блажиќ осуден за масовното убиствo кај Младеновац, се степал во затворот е превземен од МАКФАКС.