Босна и Херцеговина по четири натпревари во групата со Германија, Холандија и Унгарија освои само еден бод и извесно е дека ќе се врати во Б-дивизијата во Лигата на нации.
БиХ, синоќа во Зеница загуби од Унгарија со 0:2. Двата гола за Унгарците ги постигна Дминик Собослаи.
Ова е уште еден неуспех на оваа репрезентација која по овој пораз повеќе од една година не знае победа.
Последен пат „змејовите“ славеа на натпревар на 13 октомври 2023 година, кога под кормилото на Саво Милошевиќ славеа против Лихтенштајн со резултат 2:0.
По таа победа следеа порази од Португалија, Луксембург, Словачка и Украина, што на крајот резултираше со прекин на соработката со Милошевиќ.
Сергеј Барбарез го наследи Милошевиќ на клупата на националниот тим, а на шест натпревари забележа пет порази и едно реми.
БиХ доживеа порази во пријателски натпревари од Англија и Италија, а потоа и од Холандија на отворањето на Лигата на нации.
Потоа следеше реми против Унгарија во Будимпешта, а потоа порази од Германија и Унгарија во Зеница.
Текстот БиХ една година не знае победа е превземен од МАКФАКС.