Шпанскиот велосипедист Пељо Билбао е победник на десеттата етапа од овогодинешното издание на најпрестижната трка во светот, Тур Д’ Франс. Ова е прва победа за Шпанците после пет години, а последен кој успеал да триумифра на една етапа беше Омар Фрајле.
Билбао беше прилично убедлив и ја извозе етапата долга 167,5 километри за време од 3.52.34, доволно за освојување на првото место. Втор низ целта мина Германецот Георг Цинеман, додека на третото место заврши Австралиецот Бен O’Конор.
Во генералниот пласман првото место сè уште му припаѓа на Јонас Вингегор, втор е Словенецот Тадеј Погачар, а на третото место се наоѓа Американецот Џеј Хиндли.