Неверојатна ситуација се случи на терените во Црна Гора каде се сретнаа екипите на Његош и Зета. Натпреварот беше прекинат во 70. минута при резултат 19:0.
Натпреварот не продолжи поради тоа што сите играчи на Његош паднаа на теренот, поради што судијата означи крај.
За Његош ова не е првпат да загуби со вака голем резултат бидејќи беа поразени од Забјел со 10:0, потоа од Олимпик со 6:2 и Црвена стијена со 15:0.
Поради прекинот на натпреварот, останува отворено прашање дали воопшто ќе биде регистриран со 19:0 или Зета ќе слави со службен резултат 3:0…
Текстот Бизарна сцена во Црна Гора – Губеа со 19:0, па сите колабираа е превземен од МАКФАКС.