Карим Бензема, фудбалер на Ал Итихад, ја коментираше изјавата на Кристијано Роналдо дека е „ најдобар во историјата и точка“.
Бензема со Ал Итихад минатиот викенд го победи Ал Наср на Роналдо со 4:1, а по нтапреварот одговорајќи на новинарски прашања рече.
„Секој има право да каже што сака. Ако тој мисли дека е најдобар во историјата, тоа е негово мислење, но има и други играчи. За мене, на пример, најдобар е Роналдо Назарио“, изјави 37-годишниот напаѓач и дополни.
„Не сакам да ги споредувам играчите, мислам дека секој од нив има своја приказна, а и Кристијано има своја приказна“.
Бензема и Роналдо речиси една деценија беа соиграчи во Реал Мадрид.
Текстот Бензема смета дека Роналдо не е најдобриот фудбалер во историјата е превземен од МАКФАКС.