Дебаклот на Реал кај Арсенал (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите остави голема трага во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа.

Шпанските медиуми пишуваа дека капитенот Лука Модриќ му посочил на тренерот Карло Анчелоти дека некои од неговите соиграчи не вложуваат доволно напори.

Еду Агире, новинар и инсајдер на Реал, вели дека Џуд Белингам и Антонио Рудигер, се степале на тренингот во петокот:

„Ова беше една од најнапнатите недели во соблекувалната на Реал. Од средата играчите се чувствуваа како да мора да поминат низ тоа. Тие чувствуваат дека нивната сезона може да се урне во само неколку дена. Ми кажаа дека имало гензија меѓу двајцата играчи на тренингот во петокот како резултат на тие тензии. Имало тепачка помеѓу Белингем и Рудигер“.

Новинарот додаде дека ваквите конфликти се вообичаени во многу тимови, но дека тука се важни тајмингот и контекстот, пред клучните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, особено пред реваншот против Арсенал во среда.

„На крајот се добро се заврши. Ми кажаа дека потоа се ракувале, но тоа доволно покажува дека постои тензија меѓу играчите на Реал“, додаде Агире.

Текстот Белингем и Рудигер се степале во петокот е превземен од МАКФАКС.