Реал Мадрид, во саботата доживеа сензационален пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен. На осум рунди до крајот на сезоната Реал има четири бода помалку од Барселона.

Во понеделникот, јавноста во Шпанија не зборува за промашениот пенал на Винисиус во 13. минута, ниту пак голот на Уго Дуро од 95. минута со кој победи Валенсија.

Социјалните мрежи го истакнуваат потегот на Џуд Белингем по натпреварот. Фрустриран од поразот, на патот кон соблекувалната, Англичанецот бесот го истури врз ВАР опремата.

Според правилата на Ла Лига, неспортското однесување или „актите на агресија врз опремата“ се решаваат според дисциплинските правила. Доколку се утврди дека играчот намерно го оштетил имотот на лигата, тој може да биде санкциониран со суспензија од еден до три натпревари.

Текстот Белингем буквално удри по ВАР-опремата е превземен од МАКФАКС.