Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот државен секретар Антони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин утре ќе го посетат украинскиот главен град Киев. „Мислам дека не е тајна дека утре кај нас доаѓаат луѓето од САД државниот секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин“, рече Зеленски на прес-конференција одржана во метро станица во Киев.

Advertisements

Зеленски, исто така, рече: „Ќе очекуваме, кога обезбедувањето ќе дозволи, и претседателот на САД да дојде и да разговара со нас“.

Си-Ен-Ен за најавената посета побара коментар од американското Министерство за одбрана и Стејт департментот. Белата куќа, како што притоа наведува глобалната телевизиска мрежа, одбила да коментира за потенцијалното патување.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела рече дека сè уште работи со својот тим за да утврди дали треба да испрати висок член на неговата администрација во Украина. (Си-Ен-Ен)

Прикажи повеќе