Белата куќа не може да ги потврди тврдењата дека во соборениот руски товарен авион се наоѓале украински воени затвореници.
-Знаеме за тврдењата дека украински воени затвореници биле во рускиот авион Ил-76 што на 24 јануари се урна во Белгородска област, но не сме во позиција да го потврдиме тоа, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност.
-Очигледно правиме сè што можеме да дојдеме до појасна слика и повеќе информации за ова, изјави Кирби.
Како што објави предходно денеска Цивил Медиа, стратешки авион Ил-76 се урна во рускиот регион Белгород. Инцидентот првично беше пријавен од руските Телеграм канали, а подоцна потврден од изворот на Укринформ во украинските вооружени сили.
Додека руските платформи објавија дека авионот превезувал 63 лица, украински воени заробеници, изворот на агенцијата на Вооружените сили на Украина тврди дека во авионот имало серија ракети земја-воздух С-300.
Д. Мишев