Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го отслужи својот мандат до крајот, и покрај повиците на некои републиканци во Конгресот тој да се повлече.
Во соопштението се вели дека Бајден рекол дека „со нетрпение очекува да го заврши својот мандат“ на прашањето за републиканците во Конгресот кои го повикуваат да се повлече од функцијата претседател.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс рече дека за време на неговиот мандат, Бајден успеал да ја претвори американската економија, која беше во пад, во најбрзо растечка економија во светот и дека за време на неговиот мандат е забележана најниската стапка на насилен криминал во речиси 50 години.
Бејтс изјави дека Бајден го направил НАТО поголем од кога било.
-И тој ќе продолжи да се бори за заштита на слободите на Американците од радикални забрани за абортуси и напади врз владеењето на правото, рече Бејтс. / МИА