Бајден подготвен да дозволи Украина да употреби оружје со долг дострел на цели длабоко во руската територија

Американскиот претседател Џо Бајден e на мислење да ја одобри употребата на западно оружје од долг дострел на Украина на цели длабоко во руската територија, под услов да не користи оружје обезбедено од САД, според европските претставници. Бајден се очекува да разговара за ова прашање денеска кога ќе се сретне со новиот британски премиер, Кир Стармер, во Вашингтон.

Велика Британија веќе сигнализираше дека сака да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел, но бара дозвола од Бајден да покаже обединета стратегија со Франција и САД, доколку Бајден го одобри тоа, потегот може да и помогне на Украина да ја одржи линијата откако ќе ги заземе руските територија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера предупреди дека земјата ќе „донесе соодветни одлуки“ како одговор на потегот на Западот.

„Ова ќе значи дека земјите на НАТО – САД и европските земји – се во војна со Русија“, рече тој.

Кијив со месеци тврди дека оружјето со долг дострел е неопходно за да се гаѓаат повеќе руски воени локации. Администрацијата на Бајден досега се двоумеше, претпазлива да ја провоцира Москва, особено по предупредувањата од американското разузнавање дека Русија би можела да одговори со помагање на Иран во таргетирање на американските сили на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, во Украина, руските сили секојдневно вршат артилериски и ракетни напади, како и напади со беспилотни летала врз украиските градови и цивилната инфраструктура. Тројца работници на Црвениот крст загинаа, а двајца се ранети кога артилериски оган погоди место за дистрибуција на помош во фронтот во источниот дел на земјата.

Драган Мишев