Жорди Бартомеу по завршувањето на тековната сезона ќе ја напушти функцијата извршен директор на Евролигата, а денеска одлучија акционерите на најдоброто кошаркарско натпреварување преку гласање.
На денешниот составнок единаесетте клуба кои се сопственици на ова натпреварување, донесоа одлука за заминување на Бартомеу од челната позиција. Шест клуба гласаа за негова смена, а пет за останување на функцијата.
Против Бартомеу гласаа Макаби, Олимпија Милано, Ефес, ЦСКА, Жалгирис и Олимпијакос. Оние кои останаа на страната на Бартомеу беа Барселона, Реал и Басконија, а нив им се приклучија Ефес и Фенербахче.