Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.

Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.

Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.

Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.

Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.

Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.

Текстот Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас е превземен од МАКФАКС.