Барселона доживеа класичен дебакл на натпреварот со Реал Мадрид и загуби со убедливи 0-4, а тоа го налутило многу претседателот Жоан Лапорта и медиумите пренесуваат дека веќе „пречкртал“ четворица играчи од тимот и голема е веројатноста дека тие ќе заминат во летниот преоден рок.

Advertisements

Шпанските медиуми шпекулираат дека прв на овој список е бразилецот Рафиња, кој минатото лето пристигна од Лидс Јунајтед за сума од шеесет милиони евра. Рафиња имаше големи проблеми во дуелите со Едуардо Камавинга, а Лапорта веднаш ги информирал соработниците дека играчот мора да биде продаден доколку стигне солидна понуда за него

На овој список претседателот на Барса ги додал уште и Маркос Алонсо, Серхи Роберто и Франк Кеси, сите поради слаб перформанс во последно време и се верува дека за сите овие играчи етапата во каталонскиот гигант може наскоро да биде завршена.

Медиумите велат дека Лапорта бил особено бесен на Серхи Роберто, со кого клубот го продолжи договорот на трети март. Шпанскиот фудбалер премногу лесно ги губеше топките и загуби многу дуели на средината од теренот, а тоа воопшто не му се допаднало на првиот човек на Барселона.

Останува да видиме дали навистина престојот во Каталонија за овие играчи е завршен и кои ќе бидат нивните следни дестинации во кариерата. Во секој случај, Барселона би можела да заработи добра сума од продажба на четири квалитетни фудбалери и да надомести дел од негативниот финасиски биланс на клубот.

Прикажи повеќе