Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија, предлага д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на ковид сертификатот во дадениов момент? Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат. Да, 100% точно, и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место барање на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура, напиша Беќаровски на својот профил на Фејсбук.
Тој ги замолува колегите од Комисијата за заразни болести да размислат и да ја стават на дневен ред оваа идеја, а со тоа да покажат малку оригиналност.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.