Македонскиот репрезентативец Енис Барди стигна до својот 150-ти настап за Леванте и со тоа влезе во историјата на шпанскиот клуб.
Барди е меѓу 20-те играчи со најмногу настапи за Леванте. Барди има 150 настапи за клубот од Валенсија од кои 136 настапи во Ла Лига, а другите во Купот на кралот. Македонскиот репрезентартивец го прескокна Рубен Гарсија и легендарниот Антонио Калпе и влезе во Топ 20.
Барди дојде во Леванте летото 2017 година од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра и остави голема трага во шпанскиот клуб.