Италијанскиот фудбалер Марио Балотели, претпладнево во Џенова ги мина лекарските преглед пред и официјално да потпише договор до крајот на сезоната со „грифоните“.
„Навистина не сакам да зборувам многу, сакам да играм. Се надевам дека наскоро ќе бидам подготвен“, им рече Балотели на новинарите при влегувањето во медицинската установа на Џенова.
Medicals ongoing for Mario #Balotelli with #Genoa. Expected in the aftenoon the signing on the contract until June 2025. Rossoblù’s Fans are already in love and excited for Super Mario. #transfers pic.twitter.com/MY9TUDFdEt
— Nicolò Schira (@NicoSchira) October 28, 2024
Минатата сезона Балотели постигна седум гола на 16 натпревари за турскиот тим Адана Демиспор, а последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21 за Монца.
Балотели (34) во кариерата играше за 11 клубови, меѓу кои Милан, Манчестер Сити, Ливерпул и Интер со кого ја освои Лигата на шампионите во 2010.
Балотели со репрезентацијата на Италија, за која одигра 36 натпревари и постигна 14 голови , освои сребрен медал на Европското првенство во 2012 година и беше избран во најдобар тим на првенството.
Џенова со шест бода го зазема 18. место на табелата во Серија А, а во следното коло в четврток ја пречекува Фиорентина.
Текстот Балотели ги мина лекарските прегледи, ќе потпише договор со Џенова е превземен од МАКФАКС.