Во последниот период се шпекулираат многу имиња за Баерн Минхен, а последното кое што го објавија бројни британски медиуми е по малку неочекувано. Наводно, баварците се заинтересирани за потписот на Оле Воткинс, членот на Астон Вила.
Напаѓачот блеска за клубот од „Вила Парк“ по доаѓањето на Унаи Емери и е еден од играчите во најдобра форма во Премиер лигата, помагајќи му на својата екипа да стигне до европските квалификации. Тој постигна 11 гола во последните 15 натпревари за својата екипа, која по лошиот почеток на сезоната под водство на Стивен Џерард, сега е на шестата позиција во Премиер лигата.
Техничкиот директор на Баерн, Марко Непе, наводно бил во „Вила Парк“ во вторникот за да го гледа настапот на 27-годишниот Воткинс против Фулам. Според „Сан“, Астон Вила за својот најдобар фудбалер ќе бара 70 милиони евра, а Баерн веќе размислува да испрати понуда додека бара нов фронтмен кој ќе го води нивниот напад.
Покрај Воткинс, на радарот на Баерн Минхен се и Виктор Осимен од Наполи, Хари Кејн од Тотенхем…