Прашање на време е кога Флоријан Вирц ќе стане најскапата продажба во историјата на Баер Леверкузен. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити се риозно се заинтересирани за неговите услуги.
Баерн од лани воспоставил контакти, најпрвин со родителите на Вирц, а потоа и со неговиот менаџер.
„Лекип“, тврди дека Баварците подготвиле пакет тежок 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Вирц.
Според овој извор, Баерн е подготвен да плати обесштетување од 125 милиони евра, а останатите 125 милиони се за петгодишниот договор што се подготвува за него.
Тој практично со платата би бил изедначен со Хари Кејн во Баерн, односно би заработувал повеќе дури и од староседелците Кимих, Нојер и Мусијала.
Текстот Баерн за Вирц подготвил финансиски пакет од 250 милиони евра е превземен од МАКФАКС.