Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска го оствари своето гласачко право, а потоа на прес конференција посочи дека се надева оти граѓаните ќе се определат за најдоброто.

„Вообичаено, првата честитка е затоа што изборите течат според сите стандарди, бидејќи слободните избори во оваа држава се одраз на нивото на демократијата, владеењето на демократијата, и се надевам дека граѓаните ќе се определат за најдоброто, за најдобрите програми, бидејќи тие се од корист на сите граѓани, се надевам на успешен крај на процесот, за сите страни кои учествуваат во оваа трка. Јас очекувам добра определба на граѓаните за платформите. Но тоа е во рацете на граѓаните“, истакна Али Ахмети.