Атлетико Мадрид беше на праг на четвртото реми во последните пет меча, но Фелипе после центаршутот на Јаник Караско погоди со глава во 87-та минута ја обезбеди седмата победа сезонава во 14-то коло во Ла Лига.

Црвено-белите сега имаат 26 бода на четвртото место и се на два поени заостаток зад лидерот Севилја и Реал Сосиедад, а еден зад Реал Мадрид, кој допрва треба да го игра својот меч.

Осасуна, пак, запиша трет пораз во низа и вкупно петти досега сезонава, па остана со 19 бода на осмото место на табелата во шпанската елита.