Шкупи по неколкуте лоши резултати во овој дел од сезоната драстично ги намали шансите за одбрана на титулата, но од редовите на шампиониот немаат намера да се предадат и најавуваат дека сè уште ќе атакуваат на трофејот во ПМФЛ.
Тренерорт Чихан Арселан пред соочуањето со незгодниот Силекс изјави дека пред нив претстои тежок натпревар, но верува дека неговите избраници ќе ги освојат трите бода.
„В недела нè очекува многу важен натпревар, како за нас така и за нашиот противник. Сега сме во последните недели од сезоната и не сакаме да правиме грешки во овој период. Победата од 3-0 во последниот натпревар ни даде чувство на самодоверба, но треба да продолжиме со ова темпо за да бидеме уште подобри.
Ќе биде тежок натпревар, затоа што и противникот ќе биде многу мотивиран. Но, ние сакаме победи во последните четири натпревари, задржувајќи ги шансите за титулата“, рече Арселан.
Натпреварот меѓу Силекс и Шкупи се игра в недела од 16:00 часот, за кога се закажани и останатите дуели од 31. коло во ПМФЛ./Gol.mk