Некогашниот младинец на Ливерпул и повеќегодишен фудбалер на Динамо Загреб, Армин Хоџиќ (БиХ), од денеска е нов фудбалер на Шкупи, кого утре го очекува реванш-дуелот од квалификациите за Конференциската Лига на гости кај Левски (0-2).
Станува збор за 28-годишен напаѓач, кој на Чаир доаѓа од тимот на Жељезничар, за кој годинава одигра 12 средби без да постигне ниту еден гол. Хоџиќ кариерата ја почна во академијата на тимот од „Енфилд“, но никогаш не заигра за англискиот великан, додека по четири сезони мина во Динамо Загреб и унгарски Ферхервар. Една сезона беше на заем во турскиот тим Кашимпаша, по што се врати во матичниот Жељо.
Хоџиќ до пред три години беше репрезентативец на БиХ, за која има одиграно 14 средби и постигнато три голови./Sport1.mk/