Екипата на Динамо Загреб ја забележа 5-та последователна победа во хрватскиот шампионат совладувајќи го Горица со 2-1. Аријан Адеми го постигна првиот гол во 2022 година за хрватскиот тим, откако му асистираше Стефан Ристовски, неговиот соиграч во македонската репрезентација.
Водството на домашните траеше само 10 минути откако Калик ги израмни бројките во 65. минута. А на 11 минути пред крајот на средбата во Загреб, Орсиќ беше тој што му обезбеди 3 бода на Динамо.
Aктуелниот шампион со 49 бодови е на првата позиција и има 6 бода повеќе од Риека и Осиек на второто место.