Познатата актерка Анџелина Џоли се појави на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција во голем стил – со големи вести за јавноста.
Актерката работи на промоција на нејзиниот нов филм „Марија“, биографска драма за познатата оперска пејачка Марија Калас. Таа прошета на црвениот тепих во прекрасна тоалета од шифон, украсена со брош од златна роза и елегантно крзно од лисица. Фустанот е специјално дизајниран за неа, а е дело на уметницата Тамара Ралф.
Анџелина го комплетираше своето гламурозно издание со едноставна шминка и впечатлив црвен кармин – нејзин заштитен знак.
Сепак, нејзиното излегување на овогодинешниот фестивал падна во втор план, бидејќи се појавија гласини за уште една важна информација – дека таа има нов партнер.
Angelina Jolie with rumoured boyfriend musician Akala in Venice #angelinajolie pic.twitter.com/MidhAPhrSY
— Angelina Jolie Fan (@brangelinablog) August 29, 2024
Имено, актерката е фотографирана како излегува од хотел во Венеција во средата попладне во друштво на британскиот рапер и политички активист Акала.
Извори блиски до Анџелина за „In Touch“ изјавија дека таа се гледа со 40-годишниот маж нешто повеќе од една година.
„Мислам дека голема улога во нејзината привлечност кон Акала, освен физичката, игра и тоа што тој е добар во интеракција со нејзините деца бидејќи тоа и е многу важно“, рекол изворот и додал:
„Тие споделуваат страст за патување и откривање различни култури. Помина долго време откако таа не почувствува ваква страст“, рекол изворот.
Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година. Сепак, нивната љубовна приказна заврши само две години подоцна, поточно Анџелина поднесе барање за развод од познатиот актер во 2016 година. До денес не се решени сите спорови меѓу двајцата, но секој си тргна по својот пат.
Според последните информации, Бред долго време е во врска со нутриционистката Инес де Рамон, додека Анџелина дури сега, после 8 години ја пронајде својата втора љубов.