реклама

Откако пред неколку дена изјави дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за „невините животи изгубени во бомбардирањето на цивилното население во Газа“, Анџелина Џоли денеска објави фотографија од разурнатата Газа, каде што има стотици на луѓе.

„Ова е намерно бомбардирање на заробено население кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и брзо станува масовна гробница, а 40 отсто од убиените се невини деца. Цели семејства се убиени. “, напиша таа на почетокот на својата објава.

реклама

Таа ги повика светските лидери

„Додека светот ја следи активната поддршка на многу влади, милиони палестински цивили, деца, жени и семејства се колективно казнети и дехуманизирани бидејќи им се ускратува храна, лекови и хуманитарна помош што го прекршува меѓународното право“, опиша таа.

реклама

„Со тоа што одбиваат да повикаат на прекин на огнот и го блокираат Советот за безбедност на ОН да го спроведува мирот, светските лидери се исто така виновни за овие злосторства“, заклучи Џоли.

реклама