Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за историјата на мадридскиот клуб.
– Реал е најпрестижниот клуб во светот со најголема историја. Има најголема база на навивачи, и ова е голема одговорност. Овој клуб 13 пати ја освоил Лигата на шампионите – никој друг не успеал. Сето тоа благодарение на вредностите и предизвиците што моравме да ги надминеме. Поради ова Реал е таму каде што е сега. Имав среќа да го тренирам овој клуб пред неколку години. Сега се вратив и повторно се обидувам да уживам во мојата работа, изјави Анчелоти на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.
Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид од 2013 до 2015 година. Под негово водство мадридскиот клуб ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и Купот на Шпанија.
Во 2021 година, 62-годишниот Италијанец се врати на тренерското место на „кралскиот клуб.