Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, изјави дека со нетрпение ја очекува својата прва трка на домашен терен, Големата награда на Емилија Ромања, која е в недела се вози во Имола.
Иако дебитираше во Формула 1 пред само два месеци, Антонели е веќе голема ѕвезда, но сепак оди на училиште. За среќа, обврските околу завршниот испит не го забавија, напротив, десет дена во Мајами ја освои пол-позицијата за спринтот и стана најмладиот освојувач на пол позицијата во историјата, во кој било формат.
„Многу сум среќен, во петок ќе дојдам на патеката директно од дома, во Болоња, ќе спијам во свој кревет. Тој ден е и роденден на мојата помлада сестра, па ќе го прославам со неа. Ќе дојде моето семејство, моите најдобри пријатели, па дури и сите од мојот клас. Бидејќи не можам да одам со нив на екскурзии, помислив да ги доведам да бидат со мене на патеката за време на викендот“, рече Антонели.
Во тековниот дел од сезоната, Антонели освои 48 бода, а неговиот најдобар резултат е четвртото место на неговото деби во Австралија. Интересно е што младиот Италијанец моментално има 45 бода помалку од соиграчот Џорџ Расел, но седум повеќе од Хамилтон.
Акцијата на патеката „Енцо и Дино Ферари“ е на програмата од петок до недела, а Големата награда на Емилија Ромања е прва во серија од три трки по ред, бидејќи по следните недели веднаш следат трките во Монако и Каталонија.
Текстот Антонели целиот клас го носи на трката Имола е превземен од МАКФАКС.