Дали е врема Столе Димитиревски да застане на голот на Валенсија? Ова прашање го постави „Марка“, потсетувајќи дека првиот голман Ѓеорѓи Мамардашвили се наоѓа во лоша форма.

Грузиецот Мамардашвили во изминтите две сезони беше најдобар играч на Валенсија, изминатото лето за около 30 милиони евра Валенсија го продаде во Ливерпул. Сепак Ливерпул реши да го остави на позајмица во Валенсија.

Најмногу од оваа одлука настрада Столе Димитиревски, кој претходно како слоб=ден играч дојде на „Местаља“ од Рајо Ваљекано.

Димитиревски во Ла Лига оваа сезона бранеше на неколку натпревари, кога Мамардашвили беше повреден, а на голот беше и во Купот на Шпанија.

Сега кога Грузиецот е во лоша форма и е директно одговорен за неколку загубени бодови на Валенсија, поради лошите реакции, 64 осто од читателите на „Марка“, кои учествувале во анкетата сметаат дека Столе треба да застане на голот на Валенсија.

Текстот Анкета на „Марка“: Димитиревски треба да биде број 1 во Валенсија е превземен од МАКФАКС.