Агенцијата за Mлади и Спорт го објави списокот на добитници на годишните ваучери за помош на федерациите од државата.
Ваучер системот и оваа година не ѝ додели средства на Фудбалската федерација на Македонија и покрај успехот и првиот настап на Европското првенство, како и пласманот во баражот за Мундијалот.
На списокот на Агенцијата за млади и спорт одново најдобро котира Ракометната федерација на Македонија, која ќе добие 15,8 милиони денари помош од државата, второто место ѝ припадна на КФСМ, која ќе прокнижи 13,8 милиони, а тесно ги следи и Одбојкарската федерација со 11,8 милиони денари.
Освен најуспешните федерации, сериозна помош од шест милиони денари ќе добие и Македонскиот олимписки комитет, а далеку зад „водечките“ е Атлетската федерација со приход од 1,7 милиони.