Нов конфликт во Манчестер Јунајтед или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат.
Аморим, пред два месеци не го вклучи Гарначо во протоколот против Манчестер сити, тогаш во составот не беше и Маркус Рашфорд. Тренерто се правдаше дека овие двајца не се ангажирале доволно на тренинзите.
Синоќа, кога на полувремето го извади Аргентинецот од игра, а Гарначо наместо на клупата замина директно во соблекувалната, приказната повторно им стана интересна на англиските медиуми. Маркус Рашфорд веќе не е во Манчестер јунајтед, се пресели на позајмица во Астон Вила.
„Правите врска со Рашфорд, нели? Знам, знам… Прво ќе морам да разговарам со Гарначо. Значи, ако сакате, ќе разговараме за тоа на следната прес-конференција. Но, морам да кажам дека беше влажно и студено“, рече Аморим.
Манчестер јунајтед по голема борба и пресврт го совлада Ипсвич со 3:2 на „Олд Трафорд“.
Текстот Аморим: Одлуката да го заменам Гарначо нема врска со случајот со Рашфорд е превземен од МАКФАКС.