Шефовите на американските разузнавачи предупредуваат дека странските противници, вклучително и Русија, спроведуваат операции за, како што велат, „поткопување на довербата на јавноста во интегритетот на американските избори и сеење поделеност меѓу Американците“.

Во заедничката изјава, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ОДНИ), ФБИ и Агенцијата за кибер-безбедност и инфраструктурна безбедност соопштија дека групите поврзани со Русија поттикнуваат насилство врз изборните службеници и повторуваат лажни тврдења за измама на гласачите.

Агенциите тврдат дека „руските влијателни лица“ неодамна објавиле напис во кој лажно тврделе дека функционерите во клучните држави планираат да ги наместат претседателските избори со манипулација на гласачките кутии. Од ОДНИ понатаму велат дека очекуваат овие напори да се интензивираат во наредните денови. Исто така, го обвинува Иран дека е „значајна закана на странско влијание“ за САД.

Техеран и Москва негираа обиди за попречување на изборите.

Текстот Американско разузнавање: Русија се обидува да ја поткопа довербата на гласачите во изборната правичност е превземен од МАКФАКС.