Судот во Њујорк му наложи на американскиот режисер Џејмс Тобек, номиниран за Оскар, да плати отштета од 1,68 милијарди долари на 40 жени кои го обвинија за сексуален напад и други злосторства во последните четири децении.

Поротата во Њујорк одлучи дека Тобек ја злоупотребил својата позиција во филмската индустрија сексуално напаѓајќи жени во периодот од 1979 до 2014 година.

Тобек беше меѓу првите холивудски моќници кои беа обвинети за сексуално недолично однесување на почетокот на кампањата „MeToo“, а ова е најголемата сума пари што државата Њујорк нареди да им се исплати на жртвите кои ја покренаа иницијативата.

Тобек, кој се застапуваше себеси, ги негираше наводите, наведувајќи дека „секоја сексуална средба или контакт помеѓу тужителот и обвинетиот била консензуална“.

Покрај режисерското деби во „Fingers“ (1978), Тобек ги режираше „The Pick-up Artist“ (1987), „Two Girls and a Guy“ (1997), „Black and White“ (1999), „Tyson“ (2008), а исто така е познат и по неговото сценарио за „Bugsy“, кој не го режирал, но беше номиниран за Оскар за оригинално сценарио.

Текстот Американски режисер мора да плати 1,7 милијарди долари – 40 жени го обвинија за злоставување е превземен од МАКФАКС.