Ерик Кокрејн од американската сојузна држава Масачусетс ја подели огромната добивка на лотарија со мајстор за гитари, поради претходен негов благороден гест.
Кокрејн пред извесно време ја однел скршената гитара на син му во сервисот на Џон Галвин. Мајсторот знаел дека синот на Кокрајн има здравствени проблеми, па рекол дека ќе го поправи музичкиот инструмент бесплатно. Кокрејн се обидел да го убеди да земе најмалку 40 долари, но Галвин одбил.
Човекот потоа ветил дека ќе купи две лото-ливчиња за 20 долари и оти ќе ги подели парите, ако има добивка.
Добивката изнесувала еден милион долари. Кокрејн одлучил да не ги зема на рати, туку одеднаш, па сумата изнесувала 650.000 долари.
Тој притоа го одржал зборот и го зел Галвин со себе кога отишол во седиштето на лотаријата да ја земат добивката.