Тие се првите браќа кои завршија заедно во “Топ 10” на драфтот во истата година од формирањето на лигата во 1976 година, односно кога НБА се спои со АБА лигата. И не само тоа, туку двајцата беа избрани меѓу првите пет играчи по неприкосновените Виктор Вембањама, Брендон Милер и Скот Хендерсон.
Амин го избра Хјустон од четвртата позиција, додека Усар како петти пик беше избран од Детроит. Браќата ќе се разделат за прв пат со оглед на тоа што цел живот играат заедно. Тие го прескокнаа колеџот и НЦАА лигата и наместо тоа се свртеа кон лигата наречена “Овертајм Елит”.
„Ќе го задржи „Play Station 5“, морам да си купам нов. Тоа е главното во моментов. Се каравме и за патики, губам се… Ова е како лош развод”, се пошегува Амин по завршувањето на драфтот.