Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска изрази цврста и недвосмислена поддршка за украинскиот народ по повод двегодишнината од руската воена агресија врз Украина.
„Жртвата која веќе две години ја прави украинскиот народ и херојски ја брани својата земја е борба и за универзалните вредности на демократијата. Нема никаков сомнеж дека руската агресија е најгрубо кршење на меѓународниот поредок и закана за стабилноста на Европа. Изразувам цврста и недвосмислена поддршка за Украина“, истакна Пендаровски во својата видео порака.
Амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир на социјалната мрежа Х му заблагодари на претседателот Пендаровски за поддршката во борбата на Украинците со воената агресија на руската федерација против Украина.
Бескрајна благодарност за Вашата поддршка @SPendarovski во борбата на Украинците со воената агресија на рф против Украина.#StandWithUkraine pic.twitter.com/qzTvQ6OeEm
— Larysa Dir (@dir_larysa) February 24, 2024
Г. Т.