Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 853 ден од целосната руска воена агресија во објава на Х по повод денешното започнувањето на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ истакна дека Украина ја одвраќа воената агресија на рф и изрази надеж дека 14-от пакет санкции на ЕУ треба да помогне во исцрпувањето на воената економија на кремљ. #StandWithUkraine
853 ден Украина ја одвраќа воената агресија на рф.
Денес ќе започнат преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.
14-от пакет санкции на ЕУ треба да помогне во исцрпувањето на воената економија на кремљ.#StandWithUkraine pic.twitter.com/q0Fbnn33LH— Larysa Dir (@dir_larysa) June 25, 2024
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.
М. Д.