Алфа Таури, вториот Формула 1 тим на “Ред Бул”, ќе има нови шефови на почетокот на следната сезона. Актуелниот шеф на тимот, Франц Тост, ќе се пензионира на крајот на 2023 година, а неговото место ќе го заземе актуелниот спортски директор на Ферари, Лоран Макис.
Ова не единствената промена што ќе ја наорави Алфа Таури. Поранешниот генерален секретар на ФИА, Питер Баер, ќе се пресели во Алфа Таури како извршен директор на тимот. Тимот, доцна синоќа, ги потврди сите овие промени. Ова ќе биде најголемата промена на шефовите во историјата на Алфа Таури, претходно позната како Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди во 2005 година. Тост е на чело на тимот 18 години, а под негово водство тимот забележа две победи во Италија, во 2008 и 2020 година.
Инаку, Тост нема во целост да го напушти тимот, туку во однина ќе работи како консултант во Алфа Таури. Минатата година, Алфа Таури заврши на деветтата позиција меѓу конструкторите, што предизвика гласини дека Ред Бул ќе го продаде тимот. Докторот Хелмут Марко го демантираше ова, но додаде дека ќе има промени во Фаенца. Лошиот старт на сезоната и само еден бод во првите три трки веројатно ги забрзаа промените.