Фото/ rkalkaloid.mk

Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп.

Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март.

Четвртфинални двојки:

Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија)
АЕК (Грција) – Партизан (Србија)
Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка)
Хаукар (Исланд) – Извиѓач (БиХ)

Доколку Алкалоид избори пласман во полуфиналето за место во финалето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Олимпијакос и Сандерфјорд.

Текстот Алкалоид против Баја Маре за полуфинале во Европскиот куп е превземен од МАКФАКС.