Два брачни пара од Калифорнија си родиле деца еден на друг, но за тоа не биле свесни.
Можеби звучи конфузно, но за се е виновна клиниката за вонтелесно оплодување која го помешала генетскиот материјал.
Двата пара со месеци ги одгледувале децата, а потоа извршиле замена, па започнале процес на тужење на болницата.
Дафна Кардинал раскажувајќи за тамошните медиуми вели дека таа и сопругот Александар веднаш штом се родила нивната ќерка во 2019 година се посомневале дека бебето не е нивно, бидејќи имала потемна кожа.
Сепак, парот сомневајќи се ја сакале ќерката и верувале дека лекарите не го погрешиле процесот на вонтелесно оплодување.
По неколку месеци, сепак Дафне дознала дека им родила дете на друг брачен пар кој добиле дете од генетскиот материјал на неа и сопругот Александар.
Парот кој го родило детето на Дафне и Александар сакал да остане анонимен, но исто така поднеле тужба до болницата.
Двете бебиња се родени во септември 2019 година со разлика од една недела, а двата брачна пара несвесно одгледувале туѓи деца цели три месеци, по што преку ДНК тестот е утврдено дека ембрионите биле заменети.
Семејствата си ги размениле децата во јануари 2020 година.
-Најтешко ми беше на постарата ќерка која сега има седум години да и објаснам дека бебето кое го засака и го гледаше со мене треба да го замениме и дека не е наше, вели Дафне.
Додава дека со другото семејство се во добар контакт и дека сега се едно големо семејство.