Најдобриот кошаркар во регуларниот дел од Евролигата оваа сезона, Александар Везенков, е пред преселба во НБА и тоа во таборот на Сакраменто кингс, кои ги имаат правата за негов ангажман.
Сензационалниот Бугарин беше најдобар стрелец во најсилната лига на Европа и го донесе Олимпијакос до финалето, каде што, сепак, загуби од Реал Мадрид. Американските „кралеви“ донеле одлука ова лето да ги плата задолжителните 1,5 милиони евра на грчкиот тим, кој не би можел да го спречи овој трансфер.
Според американските медиуми, Сакраменто е подготвен на Везенков да му понуди двегодишен договор вреден девет милиони евра.