Албанската влада одлучи да формира специјална комисија за управување со можни сценарија, од наједноставни до најтешки. Премиерот Рама рече дека треба да ја заштитиме Албанија од агресија и ескалација, па дури и воена агресија. Најостро се осудува бомбардирањето на албанскиот конзулат во Харков.
“Треба да ја заштитиме Албанија од било каква, па и воена ескалација“ со ова објаснување Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави формирање на специјална комисија за управување со последиците од војната во Украина и влијанието што ќе го има врз албанската економија. Рама рече дека најтешкото сценарио е дека мораме психолошки да се подготвиме за ситуации на драматично намалување на сите резерви на енергија и нафта.
„Ова значи да се биде свесен дека во војна не можеме да ги бараме истите работи што ги бараме пред почетокот на војната и дека мора да се подготвиме за секое сценарио. Никој не знае колку долго ќе трае оваа војна. Што значи дека сме во истите непознати услови како со пандемијата, кога не знаевме до кога ќе трае, развојот и динамиката и кога се подготвувавме за некои сценарија. Истото е и денес”, изјави Еди Рама, Премиер на Албанија
Премиерот Рама рече дека треба да се заштити Албанија од агресија и ескалација, па дури и воена агресија.
“Тоа што го гледаме на телевизиските екрани не е филм. Тоа е вистинска војна каква што сме виделе во филмовите од Втората светска војна и тие лоши години на животинските обиди за етничко чистење на Косово. Но, ова ја има во себе и димензијата на неспорна воена сила која може да ја прпдолжи својата агресија и внатре и надвор од границите на НАТО. Инсистирам дека сите треба да бидеме свесни дека светот се промени во овие 10 дена во кои живееме и се преврте наопаку. Ние сме во услови на војна“, рече Еди Рама, Премиер на Албанија
Албанија остро ја осуди руската агресија , а потоа беше гранатиран почесниот конзулат на Албанија во Харков. Албанските власти во првата реакција по бомбардирањето на конзулатот велат дека сторителите треба да одговараат.
Пратениците на албанскиот парламент синоќа ја изгласаа резолуцијата со која се осудува нападот на руската армија во Украина и се поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Во меѓувреме, Владата на Руската Федерација ја прогласи Албанија за непријателска држави./Алсат.мк
Шкелзен Аќифи