Албанските медиуми јавуваат дека можеби документите со личните примања на околу 600.000 граѓани протекле од една од институциите чии сервери се запленети, а тоа е Управата за даноци. Според истрагата, многу е мала веројатноста да се случил хакерски напад. Пред три дена беа објавени податоците за платите од јануари 2021 година, а пред два дена беа објавени и други податоци за месец април. На социјалните мрежи протекоа и многу лични телефонски броеви и регистарски таблички на возила. На информативен разговор во полиција беа повикани десетици вработени во разни државни институции.