Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја посети Тирана каде разговараше за договорот постигнат во Охрид со Србија. На средбата со премиерот Еди Рама, Курти разговараше за натамошниот напредок на процесот на имплементација на договорот. Рама на социјалните мрежи напиша дека го поддржува Курти во чекорите што ќе ги преземе за спроведување на Охридскиот договор, притоа најавувајќи дека во јуни ќе има уште една заедничка средба на двете влади.
„На Албин му ја изразив целата моја поддршка за храброста со која направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив да преземе понатамошни чекори за гаранција за српските општини во рамките на заедницата која го гарантира самоуправувањето на српската заедница или за работењето со потребните гаранции за Српската црква на нејзините места на богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој тежок процес ја има мојата целосна поддршка“, рече Еди Рама, Премиер на Албанија.
Курти се сретна и со албанскиот претседател Бајрам Бегај. Во соопштението од кабинетот на Претседателството, се наведува дека Бегај нагласил оти спроведувањето на европскиот план за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, како и анексот како негов составен дел е гаранција за мирот, стабилноста и иднината на земјите од регионот во Европската Унија.
На средбата со претседателката на Собранието, Линдита Никола, таа му честитала на Курти за трпението, смиреноста, разумноста и храбрите ставови во соработката со ЕУ и САД за евроатлантската иднина на Косово./Алсат.мк