Ајсенур Езги Ејги, дваесет и шест годишна Американка, пропалестинска активистка со прострелна рана во главата, била донесена мртва во болницата „Рафидија“ во Наблус, на Западниот Брег, потврди денеска директорот на болницата, пренесува Би-Би-Си.
Ејги која е родена во Турција, наводно учествувала на протест против проширувањето на еврејските населби во градот Беита во близина на Наблус.
Палестинската новинска агенција Вафа тврди дека младата жена била убиена од израелски војник, а израелската армија соопшти дека не може да го коментира тврдењето.
Според Вафа, убиството се случило во близина на градот Наблус, во местото Беити, палестински град каде што токму таа американска активистка на почетокот на август изјавила дека била ранета од израелски војници за време на демонстрациите против проширувањето на израелските населби во областа.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер рече дека Вашингтон „итно собира повеќе информации за околностите на нејзината смрт и ќе има повеќе да каже откако ќе соберат повеќе информации“.
Најмалку 661 Палестинец се убиени на Западниот Брег од оган од израелски војници или еврејски доселеници, според палестинското Министерство за здравство, а најмалку 23 Израелци, вклучително и војници, загинале во палестински напади или во воени операции, според официјалните израелски податоци.
Подготви: Ј. Ѓ.